Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, како што стои на официјалниот сајт на Стејт Департментот, го повикува франускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ла Дриан да го поддржи проширувањето на НАТО Алијансата и да се приклучи кон поканата за Македонија да биде примена во организацијата.
Помпео исто така од Французите бара да испратат покана за отворање на преговорите помеѓу ЕУ и Македонија за полноправно членство, откако беше потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.
Помпео и Ла Дриан освен за ова прашање, разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за резултатите од самитот во Сингапур.