Садомазо пулсација

Ќе разбере ли ВМРО дека мора да излезе од оваа квазиидеолошка матрица која го повикува Македонецот на автодеструкција? 

1438

Им ги гледам изјавите на осудените: „Не се плашам од затвор“, „ВМРО да се обедини и да крене против оваа власт“ и не ја разбирам перверзната садомазо пулсација кај овие луѓе, без разлика колку и да се криминално или финансиски задолжени кон партијата.

Има тука една слепост која мисли дека вината ќе ја олесни со некаква си идеолошка патња, морална жртва, кога казната доаѓа како последица на отсуството и на двете нешта.

Не сум видел од толку погрешни принципи да се прави некаква си лична автоегзалтација, тотална војна со себе и светот околу себе.

Овие луѓе, фактички и покрај казната, селективноста, искористеноста од страна на партијата, и понатаму одбираат да делуваат деструктивно, овој пат пред се само кон себе, но и кон некоја си малцинска општествена свест која е длабоко зацапана во огромна историска, општествена, културна и политичка заблуда.

Ќе разбере ли ВМРО дека мора да излезе од оваа квазиидеолошка матрица која го повикува Македонецот на автодеструкција, дека мора да се извини и корегира, дека овој нивни товар станува алиби за власта да се однесува неодговорно?

Доволно е да се реални, и ќе имаат многу подобри ефекти, они и вака можеби пак некогаш ќе дојдат на власт, но ако останат вакви какви што се, тоа само ќе биде на штета на државата.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...