Р. Кели не се чувствува виновен по обвиненијата за сексуална злоупотреба (ВИДЕО)

390
ФОТО: Принтскрин / Би-Би-Си

Р Кели не се чувствува виновен за 10 обвиненија за сексуална злоупотреба на четири жени, од кои три биле малолетни во тоа време, пренесува „Би-Би-Си“.

Педесет и двегодишниот пејач беше обвинет дека злоупотребил многу жени, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга.

Неговото појавување на суд се случи неколку недели подоцна откако излезе документарецот „Surviving R Kelly“.

Тој е обвинет за настани кои се случиле од 1998 година. Една од четирите жени, пејачот ја сретнал во ресторан на нејзиниот 16-ти роденден, а друга, која исто така имала 16 години, ја запознал кога му побарала автограм.

Судот му нареди на пејачот, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, да го предаде пасошот и да нема никаков контакт со лица под 18 години.

Тој повторно треба да се појави на суд на 22 март.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...