Сурија Рушити од Алијансата на Албанците во расправата за нацрт аманданите во Собранието обвини дека Уставот ги дели граѓаните во земјава на граѓани од прва и втора категорија, односно на сопственици и кираџии.
Тој посочи дека нема ниту еден пример каде правото се обезбедува врз основа на процентуална застапеност како кај нас и побара да се вметне одредба за заштита на културното и историското наследство на Албанците од Република Македонија во земјава, бидејќи за тоа не може да се грижат ниту Тирана ниту, пак, Приштина. Посочи дека е двојно поголем бројот на Албанците од Македонија кои во последните 100 години ја напуштиле земјава од разни причини од оние кои останале и побара сите категории граѓани да бидат вклучени во амандманот.
Во реплика премиерот му одоговри дека се посветени на еднаквиот третман награѓаните во земјава и додаде дека во членот 48 од Уставот е гарантирана еднаквоста на заедниците, а со амандманот се предлага на креативен начин уште еднаш да се потврди македонскиот иднетитет. – Ако тоа се додаде и за другите етнички заедници ќе се дерогира членот 48 од Уставот, рече Заев.
Хари Локвенец од СДСМ рече дека смета оти е вистинско решение предлогот на новата пратеничка група од опозицијата за зачувување на македонскиот идентитет преку негово спомнување во амандманот.
– Со амандманот покажуваме дека македонските црвени линии се заштитетни и дека е заштитен македонскиот народ и идентитет- рече Локвенец.