Рускоска: Ќе бараме снимки од безбедносните камери на црногорските гранични премини

421

Обвинителството ќе бара снимки од безбедносни камери на црногорските гранични премини кои ги користел Никола Груевски при бегањето, изјави за Телма јавната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, откако денеска и официјално го презеде раководењето со овој оддел.

Од обвинителството велат дека издале наредби до полицијата интензивно да работи на откривање на луѓе кои помогнале при бегството на поаренешниот премиер, меѓу тие наредби се и наредби за проверка на телефонски повици и безбедносни камери. Од МВР велат дека досега прибраните информации се предадени на обвинителството, а во нив спаѓаат и разговори извршени со полицајци на граница и во други служби.

Шест дена по бегството, во приказната се вклучи и судскиот совет кој исто така потенцира дека Никола Груевски е бегалец. Немало седница на советот, туку колегиумот на судскиот совет денеска по допрен глас отворил постапка за да утврди дали судијата за извршување санкции во кривичниот суд имал пропусти при реализирањето на затворската казна на Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...