Рускоска: Нинџа и Кољо организатори на упадот во Собранието, пратениците вратари

1264
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија. Напаѓачите, кои денес се на обвинителната клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски- Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна. Пратениците кои ги отворија вратите биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос со што тие ги погазија уставните начела и принципи. Групата „За заедничка Македонија“, пак, имала задача со потпалувачки говори да ја повикаат масата кон Собранието.

Ова се само дел од воведните зборови на Основното јавно обвинителство во предметот за насилството во Собранието од 27 април минатата година.

На обвинителната клупа во судот денеска седнаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски. Триесет и еден од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека двајца за „помагање“.

Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска, која веќе закажа вкупно 37 термини за главна расправа.

Според обвинението, актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски со свои говори дополнително ја разгореле толпата која во голем дел влегла во Собранието.

Обвинителката Рускоска раскажа и како толпата се движела и кој се им помогнал да дојдат до прес-центарот каде се пресметаа со пратениците од парламентарното мнозинство. Притоа беше кажано и дека полицијата ништо не презела да ги спречи насилниците.

Обвинителката објасни и дека дел од обвинетите во прес-салата ги координирале останатите за физички да се пресметуваат со мнозинството. Таа истакна дека Игор Југ имал задача физичко да го елиминирал Заев што, според неа, ќе се докажело со изјави на сведоците.

Обвинителката нагласи дека постапката ќе докаже дека обвинението има за цел да се спроведе Законот.

Судењето продолжува утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...