Рускоска не знае зошто Албанија не ги даде снимките за Груевски

264

Бидејќи десеттина дена била на службен пат обвинителката Вилма Русковска која е шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, не е запознаена дали има нови моменти во истрагата за бегството на Никола Груевски. Таа вели дека не знае од кои причини нивните колеги од Албанија не постапиле на барањата за меѓународна правна помош.

– Сакам да потенцирам дека меѓународна правна помош од Албанија е побарана кога е побарана и од колегите од Црна Гора. Колегите од Црна Гора одговорија на барањето, а од кои причини не беа обезбедени снимките од Албанија не ми е познато – изјави Русковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...