Рускоска им најде трага на парите во „Рекет“

2311

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска вчера изјави дека парите биле пуштени во промет затоа ќе има обвинение за перење пари во случајот „Рекет“.

– Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осомничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде – изјави Рускоска.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера ја информираше јавноста дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...