Русковска ја потврди автентичноста на првата страница од сведочењето за „Рекет“

1889
Фото: Јавно обвинителство

Обвинителството ја потврдува автентичноста на сликата од објавениот записник за „Рекет“ откако премиерот Зоран Заев ја повика обвинителката Влма Русковска да се произнесе за автентичноста на документот кој протече во јавноста. Сепак, од Обвинителството за медиуми велат дека не ги коментираат деловите кои се прераскажани.

– Обвинителката Русковска ја потврдува веродостојноста на сликата од објавениот записник, останатите заклучоци и коментари на авторот како што веќе беше истакнат во соопштението на обвинителството нема да ги коментира. Оригиналните списи од предметот ги поседува само обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд – велат за медиуми од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...