Русковска: Стефанова требало за Кацарска да извести во Судскиот совет, не сега во судница

1312

 

Нема проценка колку чинат материјалните докази кои денеска беа презентирани на рочиштето на „Рекет“, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска.

Обвинителството ги презентираше одземените предмети од Бојан Јовановски, Катиц Јанева и на Зоки Милески – Кичеец.

За сведочењето на Лиле Стефанова дека судијката Добрила Кацарска била присутна во Кривичниот суд  додека се одлучувало за притворот на Орце Камчев, Русковска изјави:

– Било кој што има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба да пријави во Советот на судии. Колешката Стефанова како обвинител треба да ја знае таа процедсура. Недозволиво е такви сомневања после година и пол да се изнесуваат во судница без притоа да биде известен Судскиот совет.

Обвинителката Русковска го повика првоосмничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски да ги пријави во полиција доказите за корупција кои тој тврдеше дека ги има за неа.

– Го охрабрувам секој кој има за кого било да пријави во полиција. Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата – рече Русковска.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...