Русковска: Политичари не се спомнати во исказот на Камчев

650

Ниту премиерот Зоран Заев, ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев, рече денеска обвинителката Вилма Рускоска по седницата на Советот на јавни обвинители на која се расправаше за шефицата на СЈО, Катица Јанева, кој е осомничена и притворена за случајот „Рекет“.

-Не, воопшто не се спомнати. Апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми. Заев е спомнат само во делот каде што кажа Јордан Камчев дека пријавил кај него -рече Русковска.

На седницата на Советот на јавни обвинители, Рускоска ги презентирала доказите кои досега ги имаат собрано, искази на сведоци, записникот за примање на кривчна пријава од едниот сведок, и снимените разговори.

– Сите прашања кои ми ги поставија им одговорив, а тие останаа да извршат увид во предметот и да ги разгледаат сите докази и да ги прочитаат – рече обвинителката.

Таа одби да каже што ја прашале.

– Вие сериозно ме прашувате да дадам детали од сведочењето на Камчев – рече Русковска, но додаде дека е задоволна од сведочењето и дека го повикале оти сметале дека ќе даде дополнителни сознанија.

За Луковски рече дека бил во својство на сведок, тој беше и претходно сослушан и побара да дојде уште еднаш и да даде дополнителни сознанија.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...