Обвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека актуелни функционери се опфатени во истраги и предистраги на обвинителството, но поради тајност на постапките засега не може да сподели информации.
Прашањето кон неа новинарите го упатија откако пред два дена беше уапсен државниот сектретар во Министерството за информатичко општество и администрација за земање мито во проект од ИПА фондовите. Тогаш се запленија низа компјутери и телефони и поради обемноста Русковска вели дека засега не може да каже какви докази има во нив. Но, таа нагласи дека во претресите во Македонија и во Италија кои се вршеа симултано обезбедени се докази.