Обвинителката Вилма Русковска е децидна дека фотографираниот документот кој протече во јавноста не излегол од Обвинителството.
– Во Обвинителстовто се оригиналните документи. Копии Обвинителтвото достави до Судот на 15 јули кога се бараше предлог за притвор на двајца осомничени, потоа дел од докази кога се бараше продолжување, како и дел од доказите кога се бараше определување на мерка притвор за јавен обвинител. И може убаво да се види дека тие документи што излегоа се од копии. Така да одговорно тврдам дека не се излезени од ЈО – рече Русковска.