Русковска најави истрага за судиите, а судиите со пријава за Русковска

461

Земјотрес предизвика завршувањето на ексшефицата Катица Јанева од Шутка во домашен притвор за  случајот „Рекет“ по одлука на Апелацискиот суд. По ова јавната обвинителка Вилма Русковска која го води случајот најави покренување на финансиска истрага против судиите кои донеле ваква одлука, а судиите пак, најавија дека ќе ја пријават Русковска во МВР за заканувачка СМС порака до судија.

– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага – изјави вчера Рускоска.

Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и со качулка на главата во полициска придружба беше пренесена во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници во Скопје. Од таму, Јанева ќе го чека судењето закажано за 3 декември.

Мерката притвор која и беше определена на Јанева вчера попладне ја укина скопскиот Апелациски суд  кој ја уважи нејзината жалба и и одреди мерка куќен притвор.

Апелацискиот суд Скопје синоќа, како што објави СДК, се дигнал на нозе откако  Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донеле одлука да ја пуштат во куќен притвор  Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага.

Според порталот,  за утринава веќе е закажан колегиум на кој ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациски судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од СМС пораката, која содржела и недолични зборови.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...