Поднесениот предлог закон не влијае на текот на судскиот процес. Амнестијата е исклучиво политичка одлука, судот само го спроведува донесениот закон. Националното помирување не го сфаќам како амнестија и не сум го спомнала во поинаков контекс, вели обвинителката Вилма Русковска во Топ тема.
– Никој во предметот за 27-ми април не е обвинет за тероризам. Делата за кои се товарат се разликуваат, ова не е потешко дело од тероризам. Никаде во обвинителниот акт не е споменат зборот тероризам или терористички акт – рече обвинителката.
– Можеби некогаш ќе биде повикан како сведок Никола Груевски. Сега за сега ценев дека не треба. Ако има поврзаност на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски со насилствата тогаш тој ќе биде обвинет – вели Русковска.