Русковска му се јавила на Мицкоски и може ќе го викне на распит иако е сигурна дека нема да сака да помогне

1172

Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека не ја исклучува можноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да биде повикан на распит за случајот „Рекет“.

Таа посочи дека пред Мицкоски да покажува документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон.

– Пред да мавта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во Основното јавно обвинителство, а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Бев презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан – рече Русковска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...