Обвинителката Вилма Русковска денеска испратила писмо до Основното јавно обвинителство и до Советот на јавни обвинители, а во врска со СМС пораката што завчера предизвика бура во судските кругови, а која била упатена до еден од тројцата судии во Апелацискиот суд кои одлучувале за куќниот притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, осомничена во „Рекет“.
Во обвинителството за Плусинфо велат дека откако ќе го разгледаат писменото образложение од обвинителката Русковска, дополнително ќе информираат за понатамошните чекори.
Русковска писмено објаснување испратила и до Советот на обвинители кој се очекува денеска да го разгледа и да излезе со став.
Пораката на Русковска дека ќе отвори финансиска истрага против судиите кои одлучија Jанева, да замине во домашен притвор била испратена до судијата Јани Нича. Откако судиите ја објавија јавно содржината, ја обвинија обвинителката дека им се меша во работата, брши притисок со што се нарушува угледот на судиите.
„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, пишувало во пораката до судијата од Апелацискио суд испраена од Русковска.