Обвинителката Вилма Русковска по завршување на судењето за организаторите на крвавиот четврток во законодавниот дом на 27 април 2017 одговараше и на прашања на новинарите, а во врска со вчерашниот протест на опозицијата пред Обвинителството и Врховниот суд на кој лидерот Христијан Мицкоски рече дека Русковска и Љубомир Јовески, првиот човек во ОЈО го штитат криминалот на власта.
– Мислам дека е невкусно да се користат лични имиња во предизборна кампања. Ако било кој има забелешка за моето постапување, тоа треба да го пријави. Ако нема доверба во јавниот обвинител, тогаш во Советот на обвинители – рече Русковска.
Таа одговори и на прашање за аудиоснимките што ги достави Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ велејќи дека се испратени на вештачење, а дека нема да бараат снимки од камерите во Владата за да се види кој бил во посета на поранешниот премиер Зоран Заев,, како што предложи поранешниот пратеник при доставувањето на аудиоматеријалот.