Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека Интерпол повеќе од два месеци одбива да ја објави потерницата за Никола Груевски, кој е осомничен во истрагата за организаторите и нарачателите на настаните во Собранието од 27 април 2017.
– Што се однесува до екстрсдицијата, јас за предметот кок го водам за настаните од 27 април побарав, но последните информации ми се дека седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата. Не даваат образложение зошто. Исто одбиваат и за Никола Бошковски. За ова сакам да кажам дека за пет лица кои беа опфатени во претходниот предмет за 27 април, а беа недостапни за органите тогаш без пеоблем беа објавени потерниците, додека за овие двајца воопшти не сакаат да ги објават – изјави Русковска додавајќи дека тоа се случува повеќе од два месеци.
Истрагата за организаторите, каде покрај Груевски и Бошковски се осомничени и ексминистеите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, пратеникот и поранашен спикер, Трајко Велјановски и бившиот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, таа рече дека како што најави претходно оти можно е до крајот на мај да поднесе обвинение, планира да ја привршува откако деновиве осомничените прават увид во доказите.