Сѐ уште е прерано за било каков коментар, одговори обвинителката Вилма Русковска за „Фокус“ откако денеска премиерот Зоран Заев предложи таа да го води новото обвинителство за гонење криминал и висока корупција.
– Кога ќе биде усвоен Законот, тогаш би можела да кажам став. Вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени – вели Русковска за „Фокус“.