Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди обвинителката Вилма Русковска за Радио Слободна Европа.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
– Истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај. Обвинителката Вилма Рускоска работи на донесување јавно-обвинителска одлука. Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден ќе следи обвинение за тој дел – изјави денеска Јовески.
Првоосомничен во случајот е Бојан Јовановски. Тој вчера не успеа вчера да даде исказ затоа што му се слоши додека беше во Јавното обвинителство, по што беше префрлен со Брза помош во Ургентниот центар.
Второосомничениот е Зоран Милески Кичеец, кој е во домашен притвор, додека третоосомничената, Катица Јанева, одлучи да не дава исказ.