Русковска за А1on: Финансиска истрага за судиите кои ја пуштиле Јанева во куќен притвор

Со вакви судии нема место во ЕУ - изјавила Русковска за А1он.мк.

3144

Под лупа ќе биде чекмеџето на судиите кои донеле одлука Катица Јанева да биде пу штена во куќен притвор.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска најавила дека ќе има финансиска истрага за судиите од Апелациониот суд кои ја пуштиле Јанева во куќен притвор, објави А1on.mk.

Taa не знаe кои се судиите кои го потпишале решението.

– Ние донесовме негативна одлука. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ – изјавила Русковска за А1он.мк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...