Русковска дојде на седницата на Советот за јавни обвинители за Катица Јанева

291
Фото: Јавно обвинителство

Во Советот на јавни обвинители денеска дојде шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска која се очекува пред членовите на Советот да ги образложи причините зошто е осомничена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“.

Претседателот на Советот Коле Штерјев пред влегување во зградата не сакаше да го коментира исходот од седницата.

Седницата, на која Советот за јавни обвинители треба да одлучи дали ќе започне постапка за разрешување на Јанева, ќе биде затворена за јавност поради тајноста на истражната постапка која сѐ уште е во тек.

Штерјев, минатата недела соопшти дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Штерјев смета дека не може да се назначи в.д. специјален обвинител без да ѝ истече мандатот на Јанева.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, пак, Советот на јавни обвинители е тој што треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...