Првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски Боки 13-ка ќе почека додека биде повикан да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.
– Кога ќе оценам дека ќе има потреба ќе го повикам – одговори Русковска на новинарско прашање по денешниот состанок во Советот на јавни обвинители, каде таа презентираше извештај за статусот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која се наоѓа во притвор.
– Се работи интензивно на финансиската истрага на фирмите на Јовановски – одговори на друго прашање Русковска.
На прашање каде завршиле парите од торбата на Боки 13, Русковска рече:
– Па нешто знаеме, за нешто работиме.