Русковска: Ако сакаме да опстои притворот мора да подигнеме обвинение за „Рекет“ за три месеци

2134

За три месеци Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да ја заврши истрагата и да поднесе обвинение за случајот „Рекет“, најави вчера обвинителката Вилма Русковска одговарајќи на новинарско прашање.

– Ако сметаме до колку може да бидат осомничените во притвор, инаку истрагата може да трае шест месеци, можеме да бараме и продолжение на истрагата, но ако сакаме да опстои притворот и понатаму, во рок од три месеци мора да биде подигнато обвинение – рече Русковска.

Таа најави дека истрагата продолжува, и додаде: Ќе видиме каде ќе нѐ одведе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...