Руски свештеници истуриле цели 70 литри осветена вода од авион што прелетувал над градот Твер, близу Москва, по повод Денот на трезвеноста. Во авионот имало и свети мошти, како и икони на Света Богородица и Јован Претеча, за коишто свештениците веруваат дека ќе ги избават алкохоличарите од искушенијата.
– Заедно со иконите летавме над градот и не мора да верувате, но еден маж веќе ѝ рекол на сопругата дека веќе нема да пие – тврди еден од свештениците.
Оваа година две семејни двојки дале завет за трезвеност.
Во меѓувреме, Руската православна црква соопшти дека почнува со производство и масовна продажба на вина, преку фирма која е сопственост на Московската патријаршија.