Руски научници развиваат вакцина против корона вирус

195

Две експериментални вакцини за новиот коронавирус, кои ги развиваат научници во рускиот Државен истражувачки центар за вирус и биотехнологија „Вектор“, ќе бидат тестирани во јуни, објави денеска сибирскиот огранок на Руската академија на науките.

– Развиваме две вакцини, нивните прототипови би требало да бидат тестирани во јуни – рече извршниот директор Ринат Максутов.

Според него, Вектор веќе создал два дијагностички комплети за новиот коронавирус.

И Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести, исто така почна да развива нов вид вакцина против вирусот 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија.

Од коронавирусот досега починаа 80 лица, а 2.700 се разболеле.

.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...