Руските претседатели би можеле да имаат имунитет од кривично гонење и по истекот на мандатот

117

Руските претседатели би може да добијат имунитет од кривично гонење откако ќе им заврши мандатот, врз основа на уставните реформи, изјави високиот владин претставник Павел Крашеников.

Имунитетот по завршување на претседателскиот мандат е предлог на парламентарна работна група, што уследи откако претседателот Владимир Путин минатиот месец објави реформи на политичкиот систем.

Иницијативата на Путин, што уследи по реструктурирањето на владата, се оценува како средство за продолжување на неговото владеење по истекот на претседателскиот мандат во 2024 година.

– Предлозите на парламентарната работна група вклучуваат давање имунитет на поранешните претседатели од кривичен прогон. Претседателот на Русија, кога ќе му истече мандатот добива имунитет – посочи копретседателот на групата Крашеников.

Тој додаде и дека руските претседатели би можеле да станат и доживотни сенатори по истекот на мандатот.

Пратениците во Долниот и Горниот дом на рускиот Парламент уживаат имунитет од кривично гонење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...