Руските власти со претреси во простории на организацијата на Навални

62
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY

Руските власти денеска извршија претреси во неколку простории на организацијата против корупција на опозиционерот и противник на Кремљ, Алексеј Навални.

Рускиот Истражен одбор соопшти дека претресите се однесуваат и на домовите на вработените во организацијата во околу 30 региони низ земјата, додавајќи дека се замрзнати неколку банкарски сметки на организацијата „Фонд за борба против корупција“ на Навални.

Рускиот опозиционер ги осуди претресите кои се трети по ред во последните неколку недели.

Властите во септември претресоа околу 200 простории и домови на организацијата во околу 40 градови низ Русија.

Навални, кого руските државни медиуми го игнорираат, а шефот на државата Владимир Путин никогаш не го споменува, најголема популарност доби на социјалните мрежи пренесувајќи ги своите извештаи за борбата против корупција.

ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...