Рускиот амбасадор во ЕУ: Јасно ни е, Северна Македонија за уши се влече во НАТО

638
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Приклучувањето на Северна Македонија во НАТО може да го дестабилизира целиот Балканскиот регион, а проширувањето на Алијансата да ја загрози европската безбедност, оценива амбасадорот на Русија во ЕУ Владимир Чизов во интервју за „Известија“.

– Ние разбираме дека целата работа со Преспанскиот договор е направена за да се овозможи побрзо приклучување на Македонија во НАТО. За нас сликата е сосема јасна: земјата за уши се влече во Алијансата. Тоа има негативно влијае врз европската безбедност и стабилноста во Балканскиот регион – вели Чизов.

Рускиот амбасадор во ЕУ оценува и дека процедурата за промена на името, според зборовите на претседателот Ѓорге Иванов, поминала „со повреда на Уставот и неуверливи резултати од референдумиот“.

Според Чизов, проширувањето на НАТО е обид за справување со предизвиците на 21 век, но со средства и механизми создадени во средината на 20 век.

 

ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...