Руска телевизија се подготвува за војна со САД со ругање, дава инструкции на граѓаните да се снабдат со вода и гас маски (ВИДЕО)

Тврдејќи дека Американците се подготвуваат за војна со Москва, руска телевизија им објасни на жителите на земјата како да складираат вода и основни прехранбени производи во случај да избие војна.

2015

Тврдејќи дека некои Американци се подготвуваат за војна со Москва, руска телевизија во државна сопственост им објасни на жителите на земјата како да складираат вода и основни прехранбени производи во случај да избие војна, пренесува Њузвик.

Предупредувајќи дека потенцијалниот конфликт меѓу двете суперсили ќе биде „катастрофален“, водителот на руската ТВ Вести 24 покажа полици со храна, препорачувајќи дека луѓето треба да купуваат сол, овес и други производи што може да траат долго време, ако планираат да се кријат во засолништа. Млекото во прав трае пет години, додека шеќерот и оризот може да траат до осум години, објасни новинарот пред да покаже видео како се готват тестенини во засолниште од бомби.

Почетокот на програмата имаше исмејувачки тон за воените стравувања, бидејќи слики на нуклеарни експлозии одеа во позадината. Еден новинар рече дека „вистинската паника не е тука, туку од другата страна на океанот“, што сугерираше дека Американците се плашат од војна со Русија.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...