Руска атлетичарка почина од срцев удар

434

Во Русија почина 25-годишната атлетичарка Маргарита Плавунова. Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск, во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Телото покрај патот го пронашле случајни минувачи.

Според очевидци, Плавунова одеднаш паднала за време на тренингот во регионот каде била на летување. На местото на трагедијата ја пронашле локални жители.

Маргарита била повеќекратна студентска и регионална шампионка во дисциплината 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри со пречки.

Покрај атлетиката, таа се занимавала и со манекенство.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...