Руси убивале луѓе кои ги запознавале на интернет, а потоа ги јаделе (ФОТО + ВИДЕО)

966
ФОТО: Твитер

Русинката Наталија Бакшева, која е осомничена дека е дел од канибалскиот пар кој изел „десетина жртви“, осудена е на единаесет и пол години затвор.

Четириесет и тригодишната жена судот ја прогласи за виновна за поттикнување на својот сопруг да ја убие 35-годишната келнерка Елена Вашрушава, која наводно флертувала со него.

Судењето на Наталија во Русија се однесува само на келнерката, чии остатоци се пронајдени во семејниот ладилник, во замрзнувачот и на шпоретот.

Триесет и петгодишниот Дмитриј Бакшев, со прекар „Ѓавол“, треба да се соочи со посебно судење за убиство откако ќе биде прогласен за психијатриски способен.

Според претходни извештаи, парот убил околу 30 жртви над 18 години, а чувал и месо од кучиња и мачки.

Наталија и Дмитриј ги намамувале убиените на сајт за запознавање. Нивното „месо“ го продавале на војна академија.

Бакшева прво го признала канибализамот, но подоцна негирала.


ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...