Руси се плашат дека може да останат без дете откако биле обвинети дека го ставиле животот на бебето во опасност носејќи го на политички протест, пренесува Би-Би-Си.
Дури се велело оти Дмитри и Олга Проказов му го дале своето бебе на човек кој протестирал со цел да и избега на полицијата. Тој всушност бил братучед на Олга, тврди парот, со кој заедно си тргнале дома.
Парот треба да се појави на суд следната недела.
Овој потег шокирал многумина во Русија, каде веќе има несогласување со одлуката дека луѓе се соочуваат со затворски казни бидејќи биле дел од протест на опозицијата изминативе недели.