Руси за милијарда долари го купуваат најголемиот производител на марихуана во САД

2755

Постои руска врска во купувањето на најголемиот законски производител на марихуана во САД, објави „Портланд тајмс“.

Претприемачот со руско потекло Борис Џордан и неговиот деловен партнер од Москва, Андреј Блох дале една милијарда долари за да ја купат компанијата Кура Канабис (Cura Cannabis) од Портланд во државата Орегон.

– Таа сума е рекордна. Зделката на векот може да им донесе големи приходи на новите сопственици. Активите на фирмата се околу четири милијарди долари, а бизнисот со консумирање марихуана има раст од 20 отсто годишно – нагласува весникот.

Засега во САД ситуацијата со марихуаната е противречна. Во 22 од 50-те држави употребата на лесниот наркотик е дозволена. Во исто време марихуаната фигурира на федералниот список на забранети супстанци заедно со ЛСД , кокаин и хероин, наведува весникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...