Русија ќе ископува руда на Месечината

183

Русија во периодот 2031 – 2035 година планира да испрати вселенски летала за товарен транспорт, со технологија за изградба на база на Месечината и за ископување руда, јавуваат руските медиуми.

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин изјави дека програмата ќе го носи името „Луна“ и ќе биде составен од повеќе мисии, од кои првата, „Луна-25“, е предвидена за  2021 година.

Така, леталото „Луна-32“ во четвртата декада од овој век треба на Месечината да достави материјали со вкупна тежина од шест тони за изградба на месечевата научно-истражувачка база, а „Луна-33“ ќе ја обезбеди комуникацијата и стабилноста на навигирањето.

Претходно, за 2027 година се планира кон нашиот природен сателит да се испрати и „Луна-28“, која треба да собере примероци од почвите од површината на Јужниот Пол на Месечината, а за 2028 година и испраќање на „Луна-29“ со роботизирано превозно средство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...