Рускиот Парламент ќе побара од Министерството за надворешни работи да го разгледа одземањето на дозволата за работа на германските соработници на Дојче веле во земјата, поради кршење на руските закони, јавуваат руските медиуми.
Пратеникот Василиј Пискарјев рече дека собраниската истрага открила случаи во кои Дојче веле ги повикува руските граѓани да присуствуваат на неодобрениот протест во Москва што се одржа ова лето.
– Во извештаите на тие медиуми откривме делови со кои се оправдува екстремизмот – рече Пискарјев.
Досега нема одговор од германскиот медиум.
Пратеникот најави дека парламентарната истрага ќе разгледа дали и Би-Би-Си и Радио Слободна Европа, финансирани од САД, го прекршиле рускиот изборен закон.