Русија на второ место меѓу најголемите производители на оружје во светот според СИПРИ

201

Русија се искачи на второ место меѓу земјите производители на оружје во 2017 година. Таа е рангирана по САД, кои се на првата позиција, се наведува во извештајот на  Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

– Руските компании се соочуваат со значително зголемување на продажбата на оружје од 2011 година – вели истражувачот Сиемон Веземан, коментирајќи го извештајот.

Руската индустрија за оружје претставува 9,5 отсто од продажбата на 100-те најголеми светски производители во 2017 година, со профит од 37,7 милијарди долари, што е за 8,5 отсто повеќе од 2016 година, се вели во извештајот.

-Тоа е согласно зголемувањето на расходите на Русија за купување оружје со цел модернизација на нејзините вооружени сили – рече Веземан.

Во септември, Русија ги спроведе своите најголеми воени маневри во својата историја, оценети од НАТО како проба за целосен конфликт.

Досега, второто место на ранг листата од 2002 година го заземаше Велика Британија, која сега паѓа на трето место (девет проценти од светското производство). Франција е на четврто место.

САД продолжуваат да доминираат на листата со голема предност. Американските производители сочинуваат 75 проценти од вкупната продажба во 2017 година, а 42 американски компании се наоѓаат во првите 100 со вкупен приход од 226,6 милијарди долари.

Во извештајот на СИПРИ се наведува дека продажбата од страна на турски компании се зголемила за 24 проценти во 2017 година, како одраз на амбициите на Анкара да развива своја индустрија за оружје, за да одговори на зголемената побарувачка и да стане помалку зависна од странски добавувачи, вели истражувачот од СИПРИ Питер Веземан.

СИПРИ е создаден во 1966 година од страна на парламентот на Шведска и ги следи воените трошоци и трансферите на оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...