Сергеј Лазарев, кој по втор пат ќе ја претставува Русија на Евровизија, вели дека оваа година поинаку гледа на работите.
– Прво, не ги гледајте резултатите од обложувалниците. Не реагирајте на тоа што другите ќе кажат. Се сеќавам, пред финалната вечер во 2016 година, сите ми пријдоа и ми велеа дека сигурно ќе победам, сто отсто. Сфатив дека е премногу рано да се предвиде било што. Бев во право. Сега никогаш нема да ги погледнам резултатите од оние што се обложуваат. Нема да слушам што другите зборуваат за мене и мојот перформанс. Ќе бидам до крај во моите мисли, сакам да бидам сигурен во себе, како и да бидам самоуверен – изјавил Лазарев.
Според облозите, Холандија, Русија и Швајцарија имаат најголеми шанси за победа. Шведска до неодамна го заземаше третото место, но сега падна на четвртата позиција.
Русија за прв пат се појави на Евровизија во 1994 година и покрај тоа што има само еднаш победено, таа е една од земјите со најдобри резултати. Со 21 обид, земјата 17 пати заврши во горната половина на финалната листа, а 8 пати била во најдобрите три.
Лазарев ја претставуваше Русија во 2016 со песната „You are the only one“, завршувајќи на третото место и покрај тоа што победи во телефонското гласање.
ФОТО: Инстаграм