Русинка за две години два пати смени државјанство, прво настапи за Ј.Кореја, а сега стана Србинка

672

Поранешната репрезентативка на Русија во биатлон, Екатерина Авакумова по вторпат за две години си го менува државјанството. Oткако лани на Зимските олимписки игри настапи во дрес на Јужна Кореја, сега ќе ја претставува Србија.

На Авакумова не ѝ се допаѓал животот во Кореја, па откако ѝ помина меракот да учествува на Олимписките игри во таа азиска земја, сега реши да си замине. Сепак, таа нема намера да се врати во родната Русија, туку ќе стане натурализирана Србинка.

Авакумова сега чека разгледување барање и добивање дозвола од Интернационалната биатлон да си го смени државјанството, по што би добила „зелено светло“ да учествува како репрезентативка на нашиот северен сосед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...