Руската полиција започнала истрага против возач на минибус, кој исфрлил старица на улица откако доживеала инфаркт, пренесува „Курир.рс“.
Осумдесет и четиригодишната жена ја изгубила свеста, па тој застанал и со помош на патници ја извадил надвор и ја оставил да лежи на земјата. Потоа си заминал.
Некои патници останале со старицата, обидувајќи се да и помогнат. Таа лежела без свест околу половина час, додека да дојде Брзата помош.
Старицата се уште се наоѓа во доста сериозна состојба.