Англискиот напаѓач Вејн Руни ја отфрли можноста да се врати во Манчестер Јунајтед и објави дека планира својата фудбалска кариера да ја заврши во САД.
Рекордерот по постигнати голови за Англија и „црвените ѓаволи“ доби последна покана за настап за англиската репрезенатција и ќе игра во контролниот меч против САД.
– Јас одлучив да одам во САД. Кога донесувам одлуки, се обидувам да ги исполнам. За мене е важно да бидам посветен на Ди Си Јунајтед. Не сум подготвен да се вратам во Премиер Лигата. Ќе ја завршам кариерата во САД – изјави Руни