Руни ќе истрча со 10-ка на утрешниот меч на „Вембли“

348

Англискиот репрезентативец Вејн Руни ќе го носи дресот со број 10 на утрешниот контролен натпревар на фудбалската селекција на Англија со САД, кој ќе биде проштален за него во репрезентативниот дрес.

Триесет и тригодишниот напаѓач ќе биде резерва и откако ќе се појави на теренот, тој ќе ја стави капитенската лента.

Пред тоа, капитен на англискиот тим најверојатно ќе биде Фабијан Делф.

– Најверојатно нема повторно да ја ставам лентата, па веројатно нема да му ја дадам. Ќе ја задржам за себе – се пошегува Делф на денешната прес-конференција.

Селекторот на репрезентацијата Герет Саутгејт изјави дека ваква чест му доликува на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.

– Разговаравме со играчите, затоа што не сакав да носам такви одлуки. Фудбалерите сакаат Вејн да го носи бројот 10. Веруваме дека таквата чест му доликува. Многу ги почитуваме нашите поранешни играчи – рече Саутгејт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...