Руни: Сѐ уште имам класа да играм во Премиер лигата

111

Напаѓачот на ДиСи Јунајтед, Вејн Руни, смета дека сѐ уште има квалитети да игра на највисоко ниво во Премиер лигата.

Триесет и тригодишниот Англичанец, кој го помина најсилниот период во кариерата во дресот на Манчестер Јунајтед, се претстави доста силно и во МЛС лигата на САД, истакнувајќи 12 гола и 7 асистенции, со што му помогна на својот тим да дојде до плеј-офот и беше меѓу финалистите за МВП на американската лига.

– Ако треба да сум искрен, мислам дека уште имам класа да играм во Премиер лигата. Отсекогаш сум бил уверен и имав големи очекувања за себе. Дојдов во САД, верувајќи дека ќе работам добро. Можеби изненадив одредени луѓе кои имаат право на свое мислење, но јас никогаш не сум се сомневал во себе, сподели Руни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...