Вејн Руни уапсен е во Вашингтон поради опивање на јавно место и пцуење, пишува “The Athletic”.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед игра во Вашингтон за клубот Ди Си Јунајтед со кој потпиша договор на три години. Руни во моментот не вози веќе 13 месеци поради казна за возење во пијана состојба, а одредени му беа и 100 часа општествено корисна работа. Уапсен е во септември 2017 година во англиски Вилмслоу.
Тогаш ја призна вината, доби двегодишна забрана за возење и плати казна од 170 фунти.
Исто така, прифати да оди на рехабилитација за пијани возачи која би можела да му ја намали забраната за управување со автомобил.