Румениге: Тухел не одби поради ПСЖ

171

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге претпоставува дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел потпишал преддоговор со францускиот шампион ПСЖ.

Како што е познато, тренерот беше прв избор за баварците, но ја одбил можноста да го наследи Јуп Хајнкес од летото, што го натера Румениге и раководството да потпишат со Нико Ковач од Ајнтрахт Франкфурт.

– Ние се поврзавме со Тухел. Еден ден тој ни се јави, за да ни соопшти за својата одлука да преземе друг клуб. Најверојатно станува збор за Пари Сен Жермен. Се разбира, јас му посакувам среќа – изјави двократниот носител на „Златната топката“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...