Пред почетокот на денешната расправа во уставната комисија во македонското Собрание, 11 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се согласиле да ги поддржат уставните измени и така да обезбедат двотретинско мнозинство, објави Радио телевизија Србија РТС во прилог под наслов „Македонија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ под притисок“.
Повикувајќи се на информации на телевизијата „Алсат-М“, РТС потенцираше дека владата на Зоран Заев успеала да обезбеди двотретинска поддршка за уставните измени и да избегне вонредни избори.
РТС, сепак, ги пренесе и тврдењата на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека тие шпекулации се неточни и дека е „малку веројатно некој од пратениците да гласа спротивно на волјата на граѓаните на Македонија искажана на референдумот“.