РСЕ: Заев има „армија“ од 56 советници

Во списокот, покрај последното назначување на Џезаир Шаќири за соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, се и имињата на поранешниот министер во неколку влади Фатмир Бесими, потоа Драгиша Милетиќ, Миле Зечевиќ...

900

Тринаесет посебни советници, десет советници и 33 надворешни соработници има премиерот Зоран Заев ангажирано во својот кабинет. Ова e одговор од Владата што го доби Радио Слободна Европа на прашањата, колку вкупно советници и надворешни советници има ангажирано премиерот Заев.

Најбројни се надворешните соработници за кои како што пишуваат од Владата „не предвидува објавување на оглас бидејќи не станува збор за вработување туку ангажман со времен рок”.

Во списокот, покрај последното назначување на Џезаир Шаќири за соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, се и имињата на поранешниот министер во неколку влади Фатмир Бесими, потоа Драгиша Милетиќ, Миле Зечевиќ…

Премиерот има надворешни соработници и за специфични области како Горан Николовски, надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив и Силвио Аврамовски, кој е надворешен соработник за економски прашања и зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...