Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Триста“, кој се однесува на набавка на 300 возила во Министерството за внатрешни работи (МВР).
Обвинет во предметот е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски, кој според обвинението, го оштетил државниот буџет за 453.570 евра.
Специјалното јавно обвинителство тврди дека тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата, Поповски им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.