Рочиштето за „Шамарите од Цантер“ против Димче Крстев одложен за 15 јуни

128

Одвоената постапка за предметот на СЈО „Шамарите од Цантер“ против Димче Крстев се одложи за 15 јуни.

По барање на адвикатот на Крстев, Дончо Наков, а во согласност од обвинителите на СЈО, судечкиот совет денешното рочиште го одложи поради повреди кои обвинетиот ги добил при напад од непознати лица од пред неколку дена за кои тој пријавил и во полиција.

Крстев беше регистриран и од камерите од настаните од 27 април во Собранието на република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...